Атаман: Многу е лесно кога играчите ме слушаат…

Ергин Атаман имаше причина да биде задоволен по одличното издание на Панатинаикос во полуфиналето против Фенербахче, по кое грчкиот гигант стигна до своето прво евролигашко финале по пауза од цели 13 години.

„Зелено-белите“ доминираа на теренот, имаа предност од првата до последната минута од мечот, a Атаман како клучен фактор ја потенцираше дисциплината на својот тим.

„Атмсоферата во соблекувалната во пресрет на мечот бепе одлична, имам играчи кои многу добро ја знаат кошарката, кои знаат да одиграат одбрана. Многу е лесно кога играчите ме слушаат, ова ми е шести фајналфор турнир од Евролигата и знам што барам од моите кошаркари – да останат фокусирани во текот на сите 40 минути и да извршуваат на теренот она што го барам од нив. Доведовме многу играчи минатото лето, но Матијас Лесор е нашиот клучен трансфер, тој е играч кој носи енергија и неслучајно инсистирав тој прв да дојде во Атина по мојот потпис со ПАО“, изјави Атаман.

Се вчитува...