Атаман: Не ја сакаме титулата, сакаме сето ова да го надминеме

Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман порача дека се надева дека владата на Турција наскоро ќе ги прекине сите национални првенства поради пандемијата од коронавирус. Екипата на Атаман моментално е прва во турскиот шампионат со скор од 21 победа и 2 порази, односно една повеќе од второпласираната Каршијака.

„Тешко е да се игра во ваква атмосфера. Сите мои кошаркари се луѓе и никој не мисли на играта, на победата или на поразот. Сепак, им честитам на сите кошаркари поради професионалноста. Се надевам дека нашите институции ќе донесат одлука за одложување поради здравјето на кошаркарите и духот на фер-плеј играта“, изјави Атаман. 

Во Турција бројот на заразени од Ковид-19 е се поголем. Во средата беа забележани 98 случаи што е многу повеќе од викендот кога бројот на заразените беше едноцифрен.

Се вчитува...