Атаман: Сакам да станам новиот Жељко Обрадовиќ

Се чини дека турскиот тренер Ергин Атаман ќе ја прифати понудата да го води грчкиот Панатинаикос. Атаман, кој двапати по ред ја освои Евролигата со Анадолу Ефес, следната сезона се сели во Атина, откако не успеа сезонава да го внесе својот тим во плеј-офот во Евролигата.

Атаман заминува од турскиот тим после шест сезони, а во разговори за грчките медиуми призна дека има преговори со Панатинаикос, а изрази желба да стане новиот Жељко Обрадовиќ.

„Точно е дека разговараме и имам добро пречуство. Имаме отворен разговор и можам да кажам од повратните информации кои ги добивам дека атмосферата е позитивна. Ако си одам од Ефес, прва цел ќе ми биде Панатинаикос. Ако дојдам во Панатинаикос, сакам да бидам новиот Жељко Обрадовиќ“, рече Атаман.

Договорот на Атаман со Ефес истекува во 2024 година, но се поизвесно е дека ова лето ќе дојде до разделба. Покрај тоа што доживеа неуспех во Евролигата сезонава, Атаман наводно сакал веќе нов предизвик во кариерата.

Се вчитува...