Атаман: Судиите треба да ги анализираат своите грешки

Црната низа без победа на гостувањето кај Барселона уште од 2013 година за Панатинаикос продолжи и по последниот натпревар помеѓу шпанскиот и грчкиот тим во Евролигата. Предводени од Ергин Атаман „зелените“ забележаа пораз од 80-72 во натпревар во кој имаа и заостаток од 28 поени на почетокот на последната четвртина.

Турскиот стратег вината за поразот ја најде во својот тим, но и во судиските одлуки порачувајќи им на делитеите на правдата дека и тие треба да ги анализираат своите грешки.

„Мислам дека направивме многу грешки и мораме да ги анализираме. Но, пстои и некој друг кој мора да ги анализира своите грешки на почетокот на сезоната“, изјави Атаман по натпреварот алудирајќи на судиите.

Се вчитува...