Атаман за Слукас: Јадеше баклави во Турција, затоа погоди со звукот на сирената (ВИДЕО)

Олимпијкас успеа да го одбрани домашниот терен од актуелниот шампион на Европа, Анадолу Ефес откако славеше со 87-85 по продолжение благодарение на Костас Слукас кој погоди зад линијата 6,75 со звукот на сирената.

Ова не е прв пат Слукас да „решава“ во последните секунди против турски состав па по натпреварот гостинскиот тренер, Ергин Атаман доби интересно прашање за тоа дали настапот на Фенербахче му помогнал на Гркот да постигнува поени со звукот на сирената, а Турчинот имаше интересен одговор.

„Мислам дека турската баклава која ја јадеше во Турција му помогна да победува против турски тимови во последната секунда“, се нашали Атаман кој потоа додаде:

„Игравме добар натпреар со искучок на првата четвртина. Тогаш примивме 26 поени, промашивме отворени обиди, но во главно тоа беше еден добар натпревар во кој двата тима можеа да стигнат до победа. Секоја чест за Слукас и Олимпијакос. Кога имате само еден плејмејкер лесно е да бидеш лидер. Имаше добар натпревар и добро шутираше за три. Беше лош за два, но погоди за победа и тоа е важно“

Се вчитува...