Атанасов: 75 минути имавме се во свои раце

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми 1-1 против Молдавија во пријателскиот натпревар кој се игра во Анталија.

Играчот за врска, Јани Атанасов по мечот вели дека 75 минути имале се во свои раце…

„Одигравме добри 75 минути и го имавме натпреварот во наши раце. Одигравме машки во тој период и ги слушавме советите на селекторот. Ова е натпревар кој ќе ни служи за важните мечеви кои ни следуваат. Одигравме добар натпревар, но за жал на крајот не стигнавме до победа. Бевме на добро ниво и среќни сме со тоа. Ако одиграме машки против Црна Гора мислам дека ќе имаме поволен резултат, иако Црна Гора е квалитетен тим“, изјави Атанасов. 

Се вчитува...