Атанасов: Благодарам на момците бидејќи покажавме дека можеме да играме против секого

Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Евро 2024 ги заврши со голем бод освоен во битката против големата Англија во Скопје (1-1). Нашите репрезентативци први поведоа, но на крајот мораа да се задоволат со бод.

Играчот за врска во репрезентацијата, Јани Атанасов им се заблагодари на соиграчите бидејќи сите заедно покажаа дека можат да се носат со секого.

„Против една ваква Англија кога се носиш и кога покажавме дека знаеме да играме и сме храбри како тим мислам дека заслужуваме честитки. Фала на момците за борбеноста и за тоа што уште еднаш покажавме дека можеме против секого“, изјави Атанасов. 

Се вчитува...