Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2-1 на гостувањето кај Чешка од 2-1, во меч во кој главен актер беше главниот судија Оченаш од Словачка кој досуди два пенали за домаќините од кој едниот во 99. минута.
Играчот од средниот ред Јани Атанасов по мечот изјави дека му е жал што добрата игра во вториот дел не била крунисана со реми.
„Противникот доби два пенали како што ги доби и ние доживеавме пораз. Одигравме еден борбен меч, покажавме дека сме зрели тактички и дека можеме да се носиме со секого. Со две наши мали грешки, го загубивме мечот. Сигурно е дека тие грешки не сакавме да ги направиме, но фудбалот е таков. Секогаш може да играме похрабро, со вакви репрезентации мора да имаме самодоверба и да одиме на победа. Се надевам дека ќе работиме на тоа и ќе го покажеме во септември“, изјави Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА