Атанасов: Играта во Нови Сад ветува дека можеме до триумф против Ерменија

Членот на Бурсаспор, Јани Атанасов оптимистички расположен го очекува новиот квалификациски дуел на младата репрезентација против Ерменија за пласман на ЕП 2019.

По шестте едноподруго порази, во таборот на Добринко Илиевски сега веруваат дека може да се дојде до трите бода против Ерменците…

„По поразот од Србија на ред е натпреварот против Ерменија, селекција која добро ја анализиравме. Мислам дека добро сме подготвени да дојдеме до победа. Иако загубивме на дуелот во Нови Сад мислам дека прикажавме добра игра која ни ветува подобри резултати во иднина. Ги почитуваме сите замисли на новиот селектор,па мислам дека со добра игра денеска ќе дојдеме до победа која сите ја сакаме. Ги повикувам и навивачите да дојдат денеска на тренинг центарот ‘Петар Милошевски’ да не поддржат и помогнат да дојдеме до посакуваниот триумф“ – ни изјави Атанасов.

Дуелот меѓу Македонија и Ерменија се игра денеска од 15:30 часот на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...