МЗТ Скопје и во новата сезона ќе ја брани двојната круна со Васко Атанасов на клупата, откако „металците“ начелно постигнале договор за струмичкиот стратег да остане на кормилото и за сезоната 2026/27.
Аеродромци доминираат под водство на Атанасов на домашната сцена, исто така играат далеку под очекувањата во АБА2, но став на управата е дека младиот стручњак е идеално решение за тренерската функција и за сезоната што претстои, за која „металците“ најавуваат и подмладување на играчкиот ростер.
Атанасов дојде на чело на МЗТ во мај 2023, преземајќи го кормилото на „сино-белите“ по суспензијата што му беше врачена на Гаги Николиќ. Оттогаш младиот стратег доминира на македонската кошаркарска сцена со четири освоени титули, со што е втор најтрофеен стратег во историјата на мак-баскетот, зад Марин Докузовски со седум.
По решавањето на тренерскоото прашање, се очекува „металците“ наскоро да тргнат и со потписи на дел од постоечкиот играчки кадар, како и со регрутирање на нови засилувања во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
