Атанасов од ФМП продолжува во Еуро Никел

Теодор Атанасов реши да ја заврши својата авантура во редовите на Академија ФМП, а следна дестинација на крилниот центар ќе биде актуелниот македонски вицепрвак

Станува збор за играч со македонски корени, кој во наредниот период би требало да добие и македонски пасош и сезонава да настапува како домашен играч за новиот клуб. Атанасов пристигна во мак-баскетот како член на Работнички, но во „Градски парк“ остана многу кратко, по што следеше трансфер во Куманово. Тој потоа се пресели во Академија ФМП, каде беше еден од клучните играчи во составот на тренерот Петровиќ, но не успеа да се договори за продолжување на соработката со овој клуб.

Деталите од договорот со Еуро Никел се веќе средени и Атанасов ќе му биде на располагање на тренерот Самарџиев од стартот на новата сезона. Покрај него, кавадарчани го договорија и доаѓањето на уште еден висок кошаркар, искусниот центар Александар Штерјов, кој пристигнува од редовите на Гостивар.

Се вчитува...