Атанасов од Куманово се пресели во ФМП

Екипата на Академија ФМП почна да го составува ростерот за следната натпреварувачка сезона, потпишувајќи договор со Теодор Атанасов. Новиот центар доаѓа од редовите на Куманово, каде настапуваше за тренерот Александар Петровиќ. Токму на инсистирање на Петровиќ овој кошаркар пристигнува во редовите на ФМП, одбивајќи ја понудата за нов едногодишен договор со кумановци.

“Нестпрливо чекам да започне новата сезона. Ова ќе биде нов предизвик за мене, но сигурен сум дека ќе се вклопам во системот на новиот клуб. Академија ФМП ми делува како клуб од коj луѓето очекуваат малку и јас верувам дека наредната сезона ќе ги изненадиме многумина со нашата игра. Тренерот и неговиот начин на работа долго ги познавам, така што тоа дополнително ќе ми помогне за да де прилагодам на новата средина. Сум играл неколку пати против Академија ФМП, ми се допаѓа нивното залагање на теренот и нивната енергија, затоа и одлучив да им се придружам наредната сезона и да помогнам да постигнеме што подобар пласман на табелата“ – изјави Атанасов.

Овој 24-годишен центар минатата сезона имаше просек од 12,5 поени и 6 скокови по натпревар. Во својата кариера тој има настапувано и за Алое Плус Ланзароте и за Војводина.

Се вчитува...