Атанасов сезонава се издвојува како еден од носителите на играта на Бурсаспор

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Јани Атанасов оваа сезона се издвојува како еден од водечките фудбалери во составот на Бурсаспор.

Атанасов минатата сезона речиси и воопшто да не добиваше шанса во составот на Бурсаспор, но сезонава и согласно критиките на турските медиуми веќе е фудбалер на кој шефот на стручниот штаб ја темели и играта на тимот.

„Верувам дека оваа сезона ќе го покажам сиот потенцијал во Бурсаспор која посакуваме брзо да се врати во најсилната турска лига“ – вели Атанасов кој го одигра целиот натпревар во стартното коло за својот тим во Втората лига на Турција.

Бурсаспор минатата сезона испадна од Првата лига на Турција селејќи се во второлигашкото друштво.

Се вчитува...