Атланта славеше во Лос Анџелес, мечот го одбележа повредата на Леброн (ВИДЕО)

Атланта славеше против ЛА Лејкерс во „Стејплс центарот“ со 94-99, во мечот кој го одбележа повредата на Леброн Џејмс.

Натпреварот почна максимално израмнето, но се се сруши за домашните по повредата на Леброн, кој го изврте зглобот на десната нога, па мораше да го заврши натпреварот.

Без Леброн во второто полувреме Атланта доминираше влегувајќи во последната четвртина со предност од 14 поени, за на крајот да дојде до победа од 94-99.

Џон Колинс ја водеше Атланта со 27 поени и 16 скока, додека Данило Галинари уфрли 18 поени. Од друга страна кај Лејкерс, Монтрезл Харел постигна 23 поени дополнети и со 13 скока.

Се вчитува...