Атлетик Билбао еден месец без клучниот напаѓач

Атлетик Билбао ја стартуваше сезоната со триумф над Леганес, но клубот од Баскија веднаш се соочи и со сериозен проблем. Најдобриот напаѓач на Атлетик, Адуриз, заработи незгодна повреда на мускулот, а лекарските прегледи потврдија дека стручниот штаб ќе мора извесно време да се снаоѓа без клучниот голгетер.

„Прегледите врз Адуриз покажаа кинење на мускулот на десната нога. Се очекува пауза од најмалку еден месец од терените“ – се вели во соопштението на лекарскиот тим на Атлетик.

Ова значи дека искусниот голгетер ќе пропушти најмалку три натпревари во Примера дивизион, од кои најинтересен е мечот во Билбао против Реал Мадрид, како и домашниот дуел со Хуеска и гостувањето против Рајо Валјекано.

Се вчитува...