Атлетика во Македонија: Неславен рекорд со најмалку учесници на еден крос натпревар

На денешното државно изборно првенство во крос беше поставен неславен рекорд за одржан крос натпревар со најмалку учесници. Во вкупно шест категории на ”масовниот” старт настапија само тројца младинци и седум дечиња надвор од конкуренција бидејќи се помали од 16 години и немаат право на настап според пропозициите на натпреварот. Причина за тоа е незадоволството на клубовите.

„Атлетските клубови и атлетичарите го изразија своето незадоволство кон нестручната работа, селективните стандарди и норми кои се применуваат, како и однесувањето и омаложувањето кои го трпат од ’стручните’ лица на атлетската федерација“, информираат од клубовите.

Се вчитува...