Атлетико без мака до победа, Локомотив го отпиша Галатасарај

Атлетико Мадрид без многу мака ја оправда фаворитската улога на мечот со Монако, триумфирајќи со 2-0. Тимот на Диего Симеоне поведе по само две минути игра со автоголот на младиот Бадиашиле, Гризман зголеми на 2-0, а Монако пропушти идеална можност за почесен погодок кога Фалкао не реализираше пенал во 83. минута.

Галатасарај загуби со 2-0 на гостувањето против Локомотив Москва, пораз со кој турскиот клуб ги загуби сите шанси за пласман во осминафиналето. Локомотив по четирите порази во низа вечерва славеше благодарение на погодоците на Донк (автогол) во 43. минута и на Игнатјев по девет минути игра во второто полувреме.

Се вчитува...