Атлетико без проблеми против Хуеска, продолжува битката за врвот со Барса

Атлетико Мадрид без никакви проблеми стигна до убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Хуеска во 20. коло од шпанската Ла Лига.

„Јорганџиите“ победата ја најавија со голот на Лукас Хернандез уште во 31. минута од средбата, а Ариас во 52. минута зголеми на 0-2.


Коке со гол во 71. минута ги постави конечните 0-3.

Овој триумф значи продолжување на Атлетико Мадрид на битката за шампионската титула со Барселона која има само два бода предност, но и натпревар помалку.

 

Се вчитува...