Атлетико без тројца првотимци на пат за Минхен

Атлетико Мадрид ќе биде сериозно ослабен за премиерниот дуел од Лигата на Шампионите, на кој избраниците на Диего Симеоне ќе му гостуваат на актуелниот европски првак Баерн Минхен.

Шпанскиот клуб попладнево тргна на пат за Германија, но Симеоне беше принуден дома да остави тројца стандардни првотимци, Диего Коста, Саул Нигез и Хозе Хименез. Коста се повреди на последниот дуел со Селта Виго, лекарските прегледи покажаа кинење на мускулни влакна, по што на голгетерот му беше препорачан пауза од околу дваесет дена.

Што се однесува до Нигез и до Хименез, двајцата фудбалери се повредени веќе извесно време, губејќи ја трката со времето за да бидат оспособени за почетокот на новата европска сезона.

Се вчитува...