Атлетико доаѓа во Истанбул по Елиф Елмас!

Раководството на Атлетико Мадрид е решено експресно да го комплетира трансферот на Елиф Елмас, за кого интерес покажуваат и бројни тимови ширум Европа. Турскиот весник „Фанатик“ тврди дека шпанскиот гигант сепак се наоѓа во пол-позиција во оваа трка, а трансферот би можел да биде комплетиран во следните неколку дена.

Раководството на Атлетико веќе закажало патување во Истанбул за крајот на оваа седмица, при што се најавени интензивни преговори со Фенербахче. Прва тема ќе биде трансферот на Елмас, што е еден од приоритетите за тренерот Диего Симеоне. Атлетико има подготвено 14 милиони евра, сума што мадридскиот клуб ја смета за доволна за да ја добие трката со Тотенхем, Интер и Лацио.

Адут во преговорите на Атлетико Мадрид е и Никола Калиниќ, хрватскиот голгетер кој ќе биде понуден на едногодишна позајмица во „пакетот“ за ангажман на Елмас.

Се вчитува...