Прв пораз на Реал Мадрид во шпанската Ла Лига, и тоа во градското дерби против Атлетико на „Ванда Метрополитано“. Тимот на Диего Симеоне беше подобар ривал, и слави победа од 3-1 благодарение на головите на Мората и на Гризман. И двата тима имаа периоди на добра игра, на шанси, меѓутоа на крајот радост за домашните. Особено Реал кога намали на 2-1, можеше да дојде и до израмнување, што потоа беше казнет од противникот.
Уште во 4. минута Мората после одличната асистенција на Лино, успеа да го совлада Кепа и да донесе прва радост за домашните. Реал Мадрид како да беше во „шок“ по почетната негатива, па во 18. минута Гризман го искористи тоа и носи 2-0 за домаќините.
Откако прими два гола, четата на Анчелоти почна да игра подобро и во 35. минута Крос успеа да го намали резултатот. До крајот на полувремето доминација на гостите, меѓутоа без ефект.
Се чини дека почетокот на крајот на Реал Мадрид дојде во 35. секунда од вториот дел кога Мората повторно погоди во мрежата на Кепа. И потоа овој гол како да го деморализираше кралскиот тим, кој одигра очајно и многу тивко до крајот на средбата, без шанса да се обиде да дојде до израмнување. Атлетико успешно се одбрани и успеа да слави триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА