Атлетико го чува најважниот адут – Диего Симеоне потпиша до 2024 година

Навивачите на Атлетико Мадрид имаат причина за славје откако шпанскиот шампион денеска го офијализираше новиот договор со Диего Симеоне.

Поранешниот фудбалер на Атлетико веќе десет години е на чело на стручниот штаб на „јорганџиите“, тим со кој освои неколку пехари во Лигата на Европа, загуби две финалиња во ЛШ, но неколку пати и успеа да ги симне Реал Мадрид и Барселона од тронот на шпанскиот фудбал во Ла Лига.

Според новиот договор, Симеоне ќе остане тренер на Атлетико до јуни 2024 година, а заедно со него соработката со клубот ја продолжија и сите членови на стручниот штаб на Аргентинецот.

Диего Симеоне е тренерот со најдолг стаж во историјата на мадридскиот клуб, кој воедно и има и најмногу победи на чело на Атлетико, вкупно 316.

Се вчитува...