Атлетико го чува „столбот на одбраната“ – Савиќ потпиша до 2024 година

Диего Симеоне секогаш акцентот на играта на својот тим го става врз цврстата одбрана, па сосема очекувано аргенинскиот стратег инсистираше на нов договор и останување на најдобриот дефанзивец во тимот, Стефан Савиќ.

Оваа желба на аргнтинскиот стручњак беше исполнета откако денеска и официјално беше потпишан нов договор со црногорскиот дефанивец, со важност до јуни 2024 година. Претходниот договор на Савиќ истекуваше во 2023 година, но Атлетико сакаше да го награди Црногорецот за одличните игри минатата сезона, во која “јорганџиите“ стигнаа до титулата пред големите ривали Реал Мадрид и Барселона.

Савиќ е член на Атлетико уште од 2015 година, кога пристигна во мадридскиот клуб од редовите на Фиорентина.

Се вчитува...