Диего Симеоне не се откажува од намерата да го ангажира Елиф Елмас, па тренерот на Атлетико Мадрид сега е подготвен да вклучи и фудбалер во најновата понуда за македонскиот репрезентативец.
Шпанските медиуми објавија дека понудата од 15 милиони евра плус бонуси била експресно одбиена од страна на Фенербахче, чии челници свесни за големиот интерес очекуваат да инкасираат најмалку 20 милиони евра од трансферот на Елмас. Сега Атлетико планира да го искористи фактот дека Фенер бара нов голгетер, па во најновата понуда ќе биде вклучен и Никола Калиниќ. Хрватскиот репрезентативец не е дел од плановите на Симеоне и ќе му биде дадено зелено светло да си замине, но прашање е дали турскиот клуб ќе се задоволи со оваa понуда.
Претходно Интер најави дека во најновата понуда за Елмас ќе го вклучи дефанзивецот Миранда, а Фенербахче е во исчекување на првата официјална понуда од Тотенхем, чии директори најавија дека се подготвени да платат 18 милиони фунти за Македонецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА