Атлетико го откупи Караско од Кинезите

Јаник Караско ќе продолжи да го носи дресот на Атлетико Мадрид и во новата сезона откако „јорганџиите“ постигнаа договор со кинескиот суперлигаш Далијан за целосно откупување на белгискиот репрезентативец.

Караско имаше зад себе одлични настапи во црвено-белиот дрес, што му овозможи во јануари 2018 година да замине на Далечниот Исток, прифаќајќи ја богатата понуда на Далијан. Белгиецот сепак не се снајде најдобро во Кина, поради што на почетокот од годинава се врати назад во Мадрид, на позајмица во Атлетико до крајот на сезонава.

Диего Симеоне беше задоволeн од прикажаното од повратникот во тимот, а клупските директори си ја завршија работата, наоѓајќи заеднички јазик за Караско да остане на „Ванда“. По договорот меѓу Атлетико и Далијан, крилниот офанзивец денеска потпиша четиригодишен договор со мадридскиот прволигаш.

Се вчитува...