Атлетико го пронајде наследникот на Габи

Атлетико Мадрид по втор пат ќе се обиде да го доведе во своите редови креативецот на Бетис и еден од најдобрите шпански таленти, Дани Себаљос. Симеоне смета дека токму младиот шпанец е наследникот на ветеранот Габи. Иако е тешко во денешно време да се најде замена за лидер и капитен како Габи, „Ел Чоло“ верува во атрибутите на Себаљос, со оглед на тоа дека аргентинскиот стратег ретко греши кога се работи за проценката на играчи кои би заиграле за неговиот тим.

„Јорганџиите“ беа неуспешни при првиот обид да го убедат 20-годишниот фудбалер да се пресели на „Висенте Калдерон“, но добрата форма го натера да се фокусира на иднината во Бетис.

Играчот за врска има клаузула од 15 милиони евра, цена која е прифатлива за раководството на Атлетко, ако се земе во предвид дека се вложува во иднината на тимот. Покрај Атлетико заинтересирани клубови има и од островот. Челси, Арсенал и Ливерпул се опциите на Себаљос, но дали ќе остане во Шпанија, или ќе заигра во нова средина, ќе се знае дури на лето.

Себаљос за репрезентацијата на Шпанија до 21 година има забележано 13 настапи, па не би било изненадување во иднина да го облече и сениорскиот дрес.

Се вчитува...