Атлетико го пушти Врсаљко во Интер, веднаш најде нов десен бек

Атлетико Мадрид даде „амин“, Шиме Врсаљко си заминува од овој клуб и кариерата ја продолжува во италијанскиот прволигаш Интер. „Нероаѕурите“ ќе платат 1,5 милиони евра за неговата позајмица за наредната сезона, но и се обврзани со договор наредното лето да го откупат Врсаљко од Интер за дополнителни 17 милиони евра.

Десниот бек не ги опавда целосно очекувањата на Диего Симеоне, па откако имаше добар настап на Мундијалот во Русија челниците на Атлетико решија да дозволат негово заминување, притоа експресно договарајќи и пристигање на нов десен бек.

Станува збор за Сантијаго Ариас, кој исто така имаше добар мундијалски настап во дресот на Колумбија. Тој е член на ПСВ Ајндховен, клуб со кој освои три шампионски титули, но холандскиот првак сега даде зелено светло за Ариас да си замине. За овој играч до неодамна се интересираше и Наполи, но не успеа да се договори со ПСВ, па се очекува Атлетико без поголеми проблеми да го комплетира овој трансфер во наредните 48 часа.

Се вчитува...