Атлетико ја „олади“ Барса: Нема да прифатиме никаква понуда за Алварез

Според Атлетико Мадрид, сагата со Хулијан Алварез е завршена. Извршниот директор на клубот, Мигел Анхел Жил Марин, во интервју објавено од клубот потврди дека голгетерот ќе остане во Мадрид, и нема да се пресели во Барселона, за која се шпекулираше дка ќе биде негов иден клуб.

„Атлетико е совршено место на светот за Хулијан, а тој е идеален напаѓач за Атлетико. Сакаме да го задржиме . Неодамна слушнав изјави од претседателот на Барселона дека понудата што ја дал до Атлетико Мадрид не била неограничена и единствениот можен одговор е дека нашиот одговор е навистина неограничен: не сакаме да го трансферираме и нема да прифатиме понуда од 100, 150 или 200 милиони“, изјави Марин.

Првата индикација дека Хулијан Алварез ја остава вратата отворена за иднина далеку од Атлетико следната сезона дојде по натпреварот од Лигата на шампионите против Тотенхем. Прашан за трансфер во друг клуб, тогаш напаѓачот кажа:

„Кој знае? Можеби да, можеби не, никогаш не се знае. Многу сум среќен тука. Тоа е прашање што постојано се поставува, но јас сум среќен. Фокусиран сум на секој ден, работам на подобрување и давам сè од себе. Никогаш не сум рекол ништо лошо за клубот. Многу сум благодарен; навивачите ми ја покажаа својата наклонетост и сум многу среќен.“, рече тогаш Алварез.

Оттогаш, се случи хаос, и беше откриено дека Барселона стои зад сомнежите на Алварез. Напаѓачот, далеку од тоа да ја разјасни ситуацијата, зборуваше на Светското првенство, додавајќи масло на огнот. По победата на Аргентина над Австрија, најдобриот стрелец на Атлети беше јасен: „Најдобрата работа е трансфер. Сакам да го остварам својот сон . “

Од тој момент, избувна вербална војна, исто така и на социјалните мрежи, помеѓу Атлетико и Барселона. Атлетико беше категоричен дека Хулијан Алварез нема да замине во Барселона, бидејќи има важечки договор со Атлетико, чија единствена намера е да го задржат како клучна фигура во новиот проект на Симеоне.

Се вчитува...