Атлетико лесно со Леванте, едно полувреме за Барди

Атлетико Мадрид стигна до лесна победа од 3-0 против Леванте во 32. коло од Примера.

Триумфот на домашните беше најавен уште во 33. минута со голот на Кореа. Во вториот дел Гризман во 48. минута зголеми на 2-0, а Фернандо Торес во 77. минута ја заокружи победата од 3-0.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го доигра второто полувреме во Мадрид, влегувајќи во игра во 46. минута од средбата.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...