Атлетико Мадрид го купува Џејми Варди?

Атлетико Мадрид го освои трофејот во Лигата на Европа, совладувајќи го убедливо Олимпик Марсеј во финалето во Лион, а следната сезона повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите. Тренерот Диего Симеоне веќе размислува за нови засилувања, а во неговиот нотес се наоѓа името на англискиот репрезентативец Џејми Варди.

Напаѓачот на Лестер имаше солидна сезона во Премиер – лигата, иако не на нивото кога целиот тим блескаше пред две сезони и ја освои шампионската титула во Англија. Меѓутоа неговиот голгетерски инстинкт ниту малку не исчезнал, а Симеоне посакува да го искористи во својот тим следната сезона.

Атлетико Мадрид е подготвен да плати 35 милиони фунти за да го доведе Џејми Варди во своите редови во летниот преоден рок. Тој е под договор со англискиот премиерлигаш, но секако дека трансфер во Шпанија би бил голем предизвик за него.

Се вчитува...