Атлетико Мадрид го потпиша и Желсон Мартинс

Атлетико Мадрид донесе уште едно големо засилување во своите редови откако потпиша шестгодишен договор со Желсон Мартинс. Одличниот офанзивен фудбалер пристигнува во Мадрид како слободен играч, откако доби раскин на договорот со Спортинг Лисабон по добро познатиот конфликт на играчите со управата на португалскиот гигант.

За услугите на Мартинс се интересираа и неколку клубови од Премиер-лигата, но тој го избра Атлетико Мадрид за следна дестинација во својата кариера.

„Му велиме добредојде на врвен фудбалер, кој без оглед на младоста поседува огромно искуство бидејќи има играно натпревари на највисоко ниво, како на клупски, така и на репрезентативен план“ – се вели во соопштението на Атлетико.

Се вчитува...