Атлетико Мадрид инсистира Кавани да дојде во јануари

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид сака да го доведе напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, на „Ванда Метрополитано“ во зимскиот преоден рок. Иако првичниот обид беше одбиен од Леонардо, спортскиот директор на „светците“, сепак, Атлетико Мадрид го испрати првиот човек Мигел Ангел Гил Марин во Париз на финални преговори за ангажман на Уругваецот.

Кавани ја дели минутажата со Мауро Икарди, не е веќе прв избор на Томас Тухел на централната напаѓачка позиција и би сакал да си замине. Но, проблемот е што сепак тренерот на ПСЖ не сака така лесно да се откаже од услугите на Кавани чиј договор истекува по завршувањето на сезоната.

Атлетико Мадрид ќе се обиде да ги премисли „светците“ со понуда од 10 милиони евра, што секако не е за занемарување ако се знае дека Кавани има уште шест месеци од неговиот престој во Париз.

Се вчитува...