Атлетико Мадрид ќе го купи Диего Коста и нема да игра до јануари

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид го гледа Диего Коста како главно засилување за навалната линија за претстојната сезона. Иако тимот на Диего Симеоне има забрана за трансфери во овој летен преоден рок, раководството на клубот размислува да го договори враќањето на Диего Коста од Челси ова лето, а да го реализира на самиот старт од зимскиот преоден рок.

Напаѓачот доби одговор од менаџерот на Челси, Антонио Конте, дека може да си бара нова фудбалска средина, а пропаднаа преговорите за негов трансфер во Кина, па сега враќањето во Атлетико Мадрид за него се чини како најреална опција, иако италијанските медиуми најавуваат дека би можел да заврши и во Милан.

Се вчитува...