Атлетико Мадрид лесно против Еибар во Купот на Шпанија (3-0)

Атлетико Мадрид направи чекор напред до полуфиналето, откако вечерва славеше против Еибар (3-0) во првиот натпревар од четвртфиналето од Купот на Шпанија. Тимот на Диего Симеоне беше подобар противник во целиот натпревар и сосема заслужено ќе патува со предност на реванш-мечот.

Резултатот беше отворен во 27-та минута, преку погодокот на Ентоан Гризман, кој умешно ја искористи асистенцијата на Хименез. Во 60-та минута, Кореа зголеми на 2-0, а осум минути подоцна, Кевин Гамеиро ги постави конечните 3-0.

All Goals & highlights – Atletico Madrid 3-0… by mohtv

Се вчитува...