Атлетико Мадрид му го нуди стадионот на големиот ривал

Атлетико Мадрид е подготвен да му дозволи на големиот ривал Реал своите домашни натпревари да ги игра на „Ванда Метрополитано“. Домот на „кралевите“, „Сантијаго Бернабеу“ е во фаза на реконструкција, па поради тоа Атлетико нема проблем лутиот ривал до крајот на сезоната да го користи новиот модерен „Ванда Метрополитано“.

„Да им го отстапиме стадионот? Никој не го доведува во прашање тоа дека сме подготвени да им излеземе пресрет на Реал Мадрид“, изјави претседателот на клубот Енрике Черезо. 

Ова нема да биде првпат градските ривали во Мадрид и покрај големото ривалство да излезат во пресрет, откако во 1996 година Атлетико Мадрид еден дел од сезоната го играше на „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи поранешнот стадион на „јорганџиите“ „Хозе Калдерон“ беше во фаза на реконструкција. Во Реал засега одлучија сезоната да ја завршат на „Алфредо ди Стефано“ стадион кој се наоѓа во склоп на тренинг центарот на „кралскиот клуб“, меѓутоа ако публиката се врати на стадионите во Шпанија не е исклучено тие да ја прифатат понудата од големиот ривал.

Се вчитува...