Атлетико Мадрид му нуди богатство на Гризман за да не замине во Барселона

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид нема така лесно да се откаже од услугите на францускиот интернационалец Антоан Гризман. Барселона сака да ја активира откупната клаузула која од 1 јули ќе изнесува 100 милиони евра, но раководството на клубот е подготвено да му понуди фантастични услови за да го задржи на „Ванда Метрполитано“.

Гризман би добил енормно зголемување на неделната плата доколку се согласи да потпише нов договор со Атлетико Мадрид. Понудата на „јорганџиите“ изнесува фантастични 400.000 евра неделна плата, и нов тригодишен договор.

Французинот истакна дека сака да ги разреши сите дилеми околу својата иднина пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...