Атлетико Мадрид наддава: 14 милиони евра за Елмас

Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид не сака да ја загуби битката за македонскиот мегаталент Елиф Елмас. Тренерот Диего Симеоне побарал од раководството на клубот да понуди поголема сума и на адресата на Фенербахче е пристигната сума од 14 милиони евра. Во опција е и Никола Калиниќ, хрватскиот интернацоналец кој би пристигнал во Истанбул и би го облекол дресот на Фенербахче.

Елмас ја „излуде“ Европа и за него се интересираат најголемите европски клубови. Од Италија во редот се Интер и Јувентус, од Англија најмногу „ѕвонат“ Арсенал и Тотенхем, но има интерес и од Манчестер Јунајтед. Германците исто така се заинтересирани, преку Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт.

Летниот преоден рок допрва ќе се донесе жештина во фудбалска Европа, а една од главните улоги ќе ја има и Елиф Елмас.

Се вчитува...