Атлетико Мадрид ја оствари првата победа по рестартот на Ла Лига, и тоа изразена со пет гола во мрежата на Осасуна. Тимот на Диего Симеоне немаше милост за домаќинот на вечерашниот дуел.
Жоао Феликс ги постигна првите два гола за „јорганџиите“, а во листата на стрелците се запишаа и Маркос Љоренте, Алваро Мората и Јаник Караско.
Атлетико Мадрид со овој триумф се искачи на четвртото место на табелата во Ла Лига со 49 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА