Атлетико Мадрид немоќен на патот кон нова победа во Ла Лига

Атлетико Мадрид не успеа дополнително да се зацврсти на врвот од табелата во Ла Лига откако одигра натпревар без голови со Атлетик Билбао во 5. коло.

И покрај максималните обиди на „јорганџиите“ за три бода на домашен терен, сепак останаа неискористени шансите на Кореа и Љоренте кои можеа да значат триумф.

Сепак, и гостите имаа свои шанси за триумф. По исклучувањето на Жоао Феликс во 78. минута, за Атлетик Билбао одлична шанса имаше Виљалибре до 90. минута но не ја искористи, за конечни 0-0.

Се вчитува...