Атлетико Мадрид немоќен во Билбао (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид доживеа пораз во битката за втората позиција во Ла Лига. Во 34. коло „јорганџиите“ загубија со 2-0 на гостувањето од Атлетик Билбао.

Домашните победата ја најавија со автоголот на Хермосо во 8. минута, а Вилијамс во 56. минута ги постави конечните 2-0.

Атлетик Билбао со овие три бода се доближи на само бод од Виљареал во трката за место во Конференциската лига следната сезона, а Атлетико Мадрид остана на три бода од второпласираната Севилја и два бода од третопласираната Барселона.

Се вчитува...