Атлетико Мадрид нуди пакет од 14 милиони евра со Калиниќ за Елмас, а Фенербахче бара 20 милиони евра

Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид и понатаму притиска за трансферот на македонскиот мегаталент Елиф Елмас, пишува турскиот „Хабер Турк“. Тренерот Диего Симеоне посакува да го види на „Ванда Метрополитано“ и со него да ја пополни празнината поради заминувањето на Родри.

Раководството на клубот уште еднаш потенцирало дека е подготвено да испрати понуда вредна 14 милиони евра во која е вклучен и хрватскиот интернационалец Никола Калиниќ. Сепак, турскиот клуб неофицијално бара понуда од 20 милиони евра за даде дозвола за трансфер на Елмас.

За македонскиот репрезентативец сериозно се интересираат и Интер, Тотенхем, Јувентус, Наполи, Арсенал, Севилја, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен…

Се вчитува...