Атлетико Мадрид од утре многу посилен: Дојдоа Диего Коста и Витоло

Со заминувањето на 2017 година истекува и забраната на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид за реализација на трансфери. Веќе од утре, тимот на Диего Симеоне ќе биде многу посилен, затоа што за клубот ќе бидат регистрирани две големи засилувања, Диего Коста и Витоло.

Диего Коста, напаѓачот кој паузираше шест месеци, се врати од редовите на Челси, а е одлично познат на фановите на Атлетико Мадрид, со оглед дека и во минатото беше нивен миленик.

dego kosta atletiko

„Тој се врати“, објави клубот на содијалните мрежи, најавувајќи го и официјално ангажманот на Диего Коста.

Шпанскиот репрезентативец Витоло исто така ќе биде нов член на Атлетико Мадрид. Тој во изминатите шест месеци како позајмен играч настапуваше за Лас Палмас, а претходно си замина од Севилја, и тоа на чуден начин, откако сам си исплати отштетата. Секако, сето тоа ќе го надомести Атлетико Мадрид, кој беше спречен да реализира трансфери поради суспензијата од ФИФА.

Се вчитува...