Атлетико Мадрид подобар од Хетафе

Атлетико Мадрид се врати во победнички ритам во Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне славеше со 0-2 на гости против Хетафе. Првиот погодок беше автогол на Сориа во 14.минута, а Томас Лемар во 60. минута го постигна својот прв гол во дресот на Атлетико, и тоа на фантастичен начин.

Надежите за позитивен резултат на Хетафе комплетно згаснаа кога Антунес во 67.минута заработи црвен картон.

Се вчитува...