Атлетико Мадрид последен осминафиналист, триумфот на Баерн во сенка на повредата на Коман

Атлетико Мадрид е последниот патник во осминафиналето на Лигата на шампионите откако со триумф над Локомотив Москва (2-0) стигна до второто место во групата Д со 10 освоени бода. Жоао Феликс од пенал и Фелипе беа стрелци на головите, а Киран Трипие уште на самиот старт не успеа да реализира удар од белата точка.

Јувентус го освои првото место во групата со 16 бода, со триумфот на гости (0-2) против Баер Леверкузен. Кристијано Роналдо и Гонзало Игуаин ја донесоа победата на италијанскиот првак.

Баерн Минхен го совлада Тотенхем со 3-1, а првиот гол го постигна Кингсли Коман. Но, потоа францускиот интернационалец заработи сериозна повреда на коленото и го напушти теренот.

Најверојатно се работи за скинати лигаменти на коленото за крилниот напаѓач. Сесењон израмни на 1-1, а Томас Милер и Кутињо го комплетираа триумфот на германскиот првак.

Олимпијакос ја совлада Црвена Звезда со 1-0, со голот од пенал на Јусеф Ел Араби во 87.минута, за освојување на третата позиција во групата. Во првиот дел, Томане не успеа да реализира пенал за српскиот шампион.

Реал Мадрид славеше со 1-3 на гостувањето во Белгија против Клуб Бриж. Родриго, Винисиус Жуниор и Лука Модриќ беа стрелци за „кралскиот клуб“, за домаќинот погоди Ханс Ванакен.

ПСЖ беше убедлив против Галатасарај и победи со 5-0. Икарди, Сарабија, Нејмар, Мбапе и Кавани од пенал стрелаа за „светците“ на овој меч.

 

Се вчитува...