Атлетико Мадрид продолжи во победнички ритам

Атлетико Мадрид оствари триумф, четврти последовен во Ла Лига, совладувајќи го Алавес на домашен терен со 2-1. Составот на Диего Симеоне беше подобар ривал, а тоа го ефектуираше со два гола во второто полувреме.

Саул Нигез во 59.минута го постигна првиот гол за домаќинот. Вториот беше дело на Диего Коста од пенал во 71.минута од мечот. Во судиското продолжение беше досуден пенал и за Алавес, а го реализираше Хоселу.

Атлетико Мадрид по овој триумф со 58 бода се наоѓа на третата позиција на табелата во Ла Лига со 11 бода негатива во однос на Барселона.

Се вчитува...