Атлетико Мадрид пронајде замена за Шиме Врсаљко

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид успеа брзо да пронајде замена за хрватскиот интернационалец Шиме Врсаљко, кој ќе замине во калчолигашот Интер. Тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, во својот тим го посакува членот на ПСВ Ајндховен, Сантијаго Аријас. За него е подготвен да плати 20 милиони евра.

Аријас веќе пет сезони е член на ПСВ Ајндховен, одигра одлично за репрезентацијата на Колумбија и на Светското првенство во Русија и го убеди Симеоне дека токму тој е вистинскиот избор за десната бековска позиција во Атлетико Мадрид, каде исто така настапува и ветеранот Хуанфран.

За услугите на Сантијаго Аријас интерес појавува и италијанскиот калчолигаш Наполи, но шпанските медиуми тврдат дека Атлетико Мадрид веќе ги договорил сите детали со фудбалерот за негова преселба на „Ванда Метрополитано“.

Се вчитува...