Атлетико Мадрид, ПСЖ, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Тотенхем заинтересирани за Хрват

Хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер е трансфер цел на Атлетико Мадрид, ПСЖ, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, пренесуваат француските медиуми. 25-годишниот фудбалер на Рен има одлична сезона која ја круниса и со добар настап на Светското првенство во Катар па нема да биде изненадување доколку ја промени средината оваа зима.

Англиските премиерлигаши веќе испратиле скаути за детален извештај за младиот фудбалер чиј трансфер се проценува на 25 до 30 милиони евра. Последен кој изрази желба е Арсенал кој се наоѓа во битка за титулата на домашната сцена, а Артета во Хрватот гледа некој кој ќе донесе стабилност во тимот.

Мејер професионалната кариера ја започна во Локомотива, а во 2018 година реализираше трансфер во Динамо Загреб. За „модрите“ настапуваше до 2021 година пред да се пресели во Франција за 12 милиони евра.

Се вчитува...