Атлетико Мадрид се „мајстори“ за црвени картони

Атлетико Мадрид доживеа и втор пораз од Ливерпул во Лигата на шампионите, откако вечерва на „Енфилд роуд“ загуби со 2-0. Стрелци на головите за „црвените“ беа Диого Жота и Садио Мане.

Во 36. минута фудбалерот на „душекчиите“ Фелипе доби црвен картон. Интересно е тоа што тимот од главниот град на Шпанија е првиот во историјата на елитното натпреварување што во два меча со ист противник во иста сезона добил два црвени картони, откако на претходниот меч на „Ванда метрополитано“ поцрвене, Антоан Гризман.

 

Се вчитува...