Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид нема да го доведе Единсон Кавани претстојното лето. Иако имаа џентлеменски договор за Уругваецот да пристигне на „Ванда Метрополитано“ како слободен агент, сепак, Кавани кокетира и со неколку други европски клубови, а тоа не му се допадна на тренерот Диего Симеоне.
Кавани дефинитивно ќе си замине од Пари Сен Жермен, но во трката се вклучи Барселона која сака да создаде уругвајски тандем Суарез – Кавани на „Камп Ноу“, како „план Б“ доколку не биде доведен Лаутаро Мартинез од Интер.
Засега најдобрата финансиска понуда до Уругваецот пристигна од Рома, откако „волчицата“ по Педро од Челси се обидува да доведе уште еден врвен играч на слободен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА