Атлетико Мадрид сигурен против Алавес

Фудбалерите на Атлетико Мадрид остварија сигурна победа (3-0) над Алавес на домашен терен и се израмнија на врвот на табелата во Ла Лига со лидерот Барселона, со по 28 бода. Каталонскиот тим вечерва го игра градското дерби против Еспањол на гостински терен.

Атлетико Мадрид поведе со голот на Никола Калиниќ во 25.минута, а во завршницата составот на Симеоне постигна уште два погодоци. Антоан Гризман зголеми на 2-0, а Родриго го постави конечниот резултат.

Се вчитува...